Израел да го укине Рамазан

Месецот Рамазан траба да биде избришан исто како и израелскиот страв од месецот, повикува израелскиот министер за културно наследство Амичаи Елијаху, откако почетокот на Рамазан почна се повеќе да се наметнува како рок за примирје.

Коментарите на Елијаху се однесуваат на неодамна протечените разузнавачки проценки во кои се стравува од еруптирање на насилството во Западниот Брег и Источен Ерусалим за време на Рамадан како реакција на војната во Газа и забраната што Тел Авив планира да ја наметне за посета на џамијата Ал-Акса за време на светиот месец на исламот.

„Таканаречениот месец на Рамазан мора да биде збришан, исто како што треба да биде избришан и нашиот страв од тој месец,“ изјавил Елијаху за Армиското радио.

Периодов Вашингтон врши притисок врз Тел Авив да постигне договор со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници пред Рамазан, кој годинава почнува на 11 март.

Последниот договор меѓу двете страни е од ноември минатата година кога Хамас ослободи 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци од кои 71 жена и 169 деца.

Елијаху истиот крајно-десничарски израелски политичар кој во ноември изјави дека опција е и фрлање на нуклеарна бомба на Газа.

6 март 2024 - 11:58