Индија и официјално е најнаселената држава во светот

Во последниот извештај од Обединетите нации, по децении доминација, Кина ја изгуби титулата најбројна нација на светот, која од сега и официјално и припаѓа на Индија.

Разликата меѓу двете држави моментално е некои си смешни 3 милиони луѓе, па Индија титулата ја држи со 1,428 милијарди луѓе, наспроти кинеските 1,425 милијарди.

Од овие 1,428 милијарди жители на Индија половина се под 30-годишна возраст заради што за нејзе се резервира и титулата најбрзо растечка економија во светот во претстојните години.

Индија како трета по големина економија во Азија, моментално е дом на речиси една петтина од човековата популација. Земјата има повеќе население отколку цела Европа или Африка или Америка.

Проекциите се дека до 2050 бројот на население на Индија ќе достигне 1,668 милијарди, додека за истиот период кинеската популација ќе падне на 1,317 милијарди.

20 април 2023 - 12:11