Глобален индекс на мирот

67 земји се помирни а 90 понемирни од нас. Излезе годинешниот глобален мировен индекс на кој сме забележале скок од 8 места во однос на минатата година.

6-та година по ред организацијата Vision of Humanity пресметува тнр мировен индекс за сите држави во светот кој се базира на проценки на 20-тина критериуми кои се движат од политичката стабилност, до количината оружје по улиците.

Светов годинава е нешто помирен од лани. Македонија е на 68-то место. Лани сме биле 76-ти, претходно 83-ти. Во регионов, подобри сме од Грција и од Црна Гора.

Русија стои ужасно лошо и е 153-та од вкупно 158 земји, а САД се 88-ми.

Во однос на Хрватска која е 35-та, нас нè оптоварува политичката нестабилност, организираните конфликти и насилните демонстрации.

Глобално, прв е Исланд а последна Сомалија.

* повеќе тука

12 јуни 2012 - 10:44