Глоба заради командна одговорност

Иако кривично уште никој не одговарал, една јакуза организација по граѓанска тужба ќе мора да му исплати парична оштета на семејството на една нивна жртва. Инаку, полицијата никогаш не го реши конкретното убиство.

Goto-gumi организацијата ќе ја плати отштетата од 1,4 милиони долари на семејството на Казуоки Нозаки, кој беше убиен од страна на организацијата во 2006-та. Оригиналната сума што ја бараше семејството беше 2,3 милиони долари, но тие прифатија да ја намалат оштетата откако првиот човек на Goto-gumi, Тадамаса Гото, се согласи да се извини (во Јапонија извинувањето има голема вредност).

Адвокатот на семејството објавил соопштение со деталите на договорот: прво, Гото ја прифатил целата одговорност како шеф на организацијата, за активностите на неговите војници, второ се согласил да му ја исплати сумата на семејството и трето да изрази сочувство на семејството. Гото не морал да признае дека го наредил убиството.

Инаку, промените во Законот за организиран криминал во 2008-ма дозволија шефовите на јакуза организациите да бидат повикани пред граѓански судови на одговорност за делата на нивните потчинети.

5 октомври 2012 - 12:26