Естаблишментот сакаше да се отараси од Трамп уште рано-рано

Нови материјали обелоденуваат дека ФБИ, заедно со администрацијата на Обама и моќни фигури од естаблишментот на Вашингтон, се имаат намерачено да му го загорчат животот на Трамп уште кога беше само кандидат за станар на Белата куќа. Се сеќавате на фамозното „руско досие“? Ништо од тоа.

Досега необјавен меил од агент на ФБИ обелоденува дека Бирото го има таргетирано Доналд Трамп уште како претседателски кандидат, со обвинувања за кои веќе знаеле дека се лажни. 

За таа цел го искористиле аналитичарот Игор Данченко, за кого решиле да го прават заштитен сведок уште пред за првпат да разговараат со него. Данченко стои зад огромен дел од обвинувањата кои ги содржи фамозното „руско досие“ на Трамп, изработено од поранешниот британски шпиун Кристофер Стил. Тој пак за оваа задача беше ангажиран од фирма поврзана со Хилари Клинтон. 

Меилот покажува дека ФБИ сакале да го скријат Данченко позади статусот „доверлив извор“ откако сфатиле дека Стил не може да понуди докази за она што е во досието, иако му понудиле 1 милион долари за тоа. 

Да мислеле ФБИ дека досието против Трамп е валидно, не би го криеле Данченко туку би се фалеле дека имаат клучен извор. 

Планот на ФБИ се потврдува и со желбата на Барак Обама кажана пред неговото заминување на состанок на Советот за национална безбедност, информации поврзани со досието да не им се оставаат на администрацијата на Трамп која е тогаш во доаѓање.

Веќе на почетокот на декември 2016-та, ЦИА ги известува конгресните лидери дека Русија замешала прсти на изборите во корист на Трамп, тврдење кое беше основната поента на наративите на ЦИА и ФБИ.

За време на судењето на Данченко, специјалниот советник во Министерството за правда, Џон Дурам призна дека ФБИ уште тогаш знаеле дека досието е неиздржано. Тоа не им било пречка сепак да му понудат пари на Стил за каква било потврда, барање кое тој сепак не можел да им го исполни. 

За да се спаси намерата да му се науди на Трамп, пробуваат приказната да ја спасат со „доверливиот извор“ Данченко кој тврди дека ФБИ од него искористило гласини и шеги кажани во кафана. 

Државата проба да го гони Данченко за лажно сведочење пред ФБИ, но тој неодамна беше ослободен од сите обвиненија. 

2 ноември 2022 - 15:52