Еквадор бетонира со кокаин

Во 2021 Еквадор има запленето 210 тони кокаин, што е доволна количина за да престанат да размислуваат за негово палење, туку да го измешаат со цемент и да го користат за бетонирање каде што ќе затреба.

Количината запленет кокаин во Еквадор изминативе години почна сериозно да ги преполнува и блокира полициските депоа, заради што мораше да се најде поефикасен начин за нивно чистење од магацините. Високи функционери на тамошното министерство за внатрешни работи објаснуваат дека рекордните запленети количини го надминуваат капацитетот на печките што вообичаено се користат за палење на дрогата.

По ново стотици коцки кокаин и паста од кока секоја недела се испорачуваат во погон за обработка на ѓубре во околината на главниот град Квинто, каде се растураат се мешаат заедно со стакло, лекови со истечен рок, па дури и отпад од нафта. Вака добиената смеса потоа се додава на мешавината од цемент, песок и вода за правење на бетон.

Вака инкорпорираниот кокаин повеќе на ниту еден начин не може да биде вратен во првобитна состојба. Еден од првите проекти во кои се користи кока-бетонот се 15 метри длабоките темели на магацин во фабриката за отпад.

Математиката покажува дека се потребни до 12 часа за да изгори еден тон кокаин, додека со новиот метод, еден тон се обработува за помалку од 3 часа.

До сега околу 350 тони кокаин запленети во 2021 и 2022 се ставени во бетон. Во полициските магацини има уште 83 тони кои чекаат да бидат претворени во градежен материјал.

23 февруари 2023 - 10:54