Во Газа до сега загинаа повеќе цивили отколку во Украина

Во овие неполн месец откако Хамас изврши напад врз Израел, во Газа загинале повеќе цивили отколку во целата украинска војна од почетокот на 24 февруари 2022.

Во споредбата се користат официјални бројки од два извора. Едниот е извештајот на О.Н. за бројот на цивилни жртви во Украина, во делот контролиран од Киев пред почетокот на војната, каде до 11 септември 2023 се регистрирани вкупно 7.481 убиен цивил.

Наспроти нив е последната бројка од палестинското министерство за здравство, според која во бомбардирањето и ракетирањето на Израел од терористичкиот напад па заклучно со 29 октомври се загинати над 8.000 цивили, од кои 3.400 се деца.

По оваа статистика во Газа од 7 октомври на секои 10 минути гине по едно дете.

Од министерството појаснуваат дека нивните бројки ги опфаќаат само лицата донесени во палестинските болници или други објекти под нивна контрола, не и оние кои се уште се закопани под рушевините.

3 ноември 2023 - 11:15