Борбата против тероризмот што не фаќа ниту еден терорист

Постојаниот мониторинг на мобилните разговори, Гугл, Скајп, Фејсбук месинџер и слично, помага само за шпионирање на граѓаните, затоа што терористите одамна ги нема на овие платформи.

И покрај тоа што најголемиот дел од новите "системи за мониторирање" поставени по 11. септември се наменети за борба против тероризмот, извештаите покажуваат дека начините на комуникација кои ги следи НСА се сосема ретко користени од терористите.

Блумберг пренесува еден извештај од 2012. според кој сериозните терористи ги избегнуваат најочигледните платформи (мобилни телефони, Гугл, Скајп...) и како што пишува весникот "инфраструктурата поставена од НСА е добра само за собирање на информации за најглупите и најниско рангираните терористи. ПРИЗМ програмата за мониторирање се фокусира само на пристап до серверите на најголемите американски интернет компании, кои даваат пристап до Скајп, Гмаил и Ајклауд. Ова не се сервисите што навистина опасните елементи типично ги користат."

Освен ова, постапките на НСА по 11. септември се добро познати на сите аналитичари, а истовремено со нив се запознаени и терористите.

"Во јануари 2012. во извештај по име 'Jihadism on the Web: A Breeding Ground for Jihad in the Modern Age' холандската тајна служба и службата за разузнавање создадоа убедлива слика за 'подземна' исламистичка интернет мрежа, сконцентрирана околу неколку форуми. Овие веб сајтови се дел од 'Deep web' или Андернет, множеството онлајн ресурси кои не се индексирани од најчесто користените интернет пребарувачи," пишува Блумберг. (Во 2010-та, Гугл процени дека индексира само 0,004% од интернетот.)

26 јуни 2013 - 12:36