Бајден има проблем со доверба

Изминативе месеци Бајден редовно е по вести по основа дека негови вработени или некоја американска служба открила доверливи документи кај него по дома (и во гаража) кои не би смееле да мрднат од Белата куќа, па сега Американци се сомневаат дека тие документи тек така случајно завршиле таму.

Во декември и во јануари прво беа откриени доверливи документи од времето кога Бајден е потпретседател на САД како дремат во неговата канцеларија дур тој беше на тајм-аут, за потоа да бидат откриени доверливи документи и во неговата куќа и гаражата во Делавер.

Во последното детално пребарување на домот на Бајден од ФБИ не беа откриени никакви дополнителни документи.

Анкета на Њузвик покажува дека 43% од Американците веруваат дека Бајден и/или неговиот персонал „веројатно намерно ги задржал“ доверливите документи што беа откриени во неговиот дом и во поранешната канцеларија.

За споредба, кога на Трамп му најдоа доверливи документи во Мар-а-лаго, 52% од анкетираните изјавија дека тие веруваат дека документите се намерно задржани.

65% од испитаниците се согласиле дека ФБИ треба да спроведе истрага на имотот на Бајден, а на друго прашање 42% се согласиле дека „приказната е пренадувана“. Вкупно 70% од испитаниците изјавиле дека „чуле или прочитале значително или доволно за откривањето на доверливите документи.“

„Анкетите потврдуваат три истрајни вистини на американската политика. Прво, најголемиот дел од Американците не обрнуваат многу внимание на политиката, бидејќи се презафатени со задржување на своето работно место, здравствена заштита и семејство, за да можат да се посветат на детално прегледување на овие прашања.

Второ, најголемиот дел од Американците остануваат длабоко сомничави и немаат доверба општо кон политичката класа - што на некој начин е здрав став, но и став кој може да дегенерира во поштетен, рефлективен цинизам.

Трето, најголемиот дел од Американците покажуваат забележлив здрав разум во најголемиот дел од времето и успеваат да ги држат работите во разумни пропорции.

Да, документите се чувствителни, ама до сега ниту едни од нив не се покажале како посебно опасни или пак интересни,“ објаснува професорот Одделот за политика, на Универзитетот на Лондон, Роберт Син.

6 февруари 2023 - 10:47