Багдади по гаќите се познава

Во целата боево и технолошки набилдана операција за елиминирање на еден од најголемите злотвори на денешницата, клучна улога има еден голорак и аналоген локален курдски шпион чија задача е да украде долна облека од Багдади. Користена.

Остатоците од скривалиштето на Багдади

Зошто толкава армада се фатила за долната облека на главниот џихадист во светот? За да имаат ДНК-а со која ќе ги споредат остатоците од телото на Багдади.

Човекот што треба да ги испорача гаќите на Багдади до Курдите, кои потоа им ги предаваат на Американците, исто така помогнал и во следење на раководителот на ИСИС.

Тоа е дел од она што Трамп го спомена како „корисна“ информација што американските сили ја добиле од Курдите.

Инаку, Курдите уште од мај работат со американските сили на откривање на Багдади, и тие се луѓето што го лоцираат дека тој е сместен во Идлиб провинцијата.

30 октомври 2019 - 11:08