8 цитати од новиот претседател на Венецуела

Иако допрва треба да го "маѓепса" народот и да ја продолжи работата на Чавез,  Николас Мадуро до сега барем го има извежбано давањето изјави кои инстанто ќе го обиколат интернетот. Ова се некои од работите што до сега ги има кажано, пред и за време на изборите.

"Ако некој од народот гласа против Николас Мадуро, тој гласа против себе, и ќе го стигне клетвата на Макапарана."

"Еден ден ќе мора да се спроведе независна истрага за да се открие вистината за настаните на 11-ти септември... ова може да е една од најголемите завери против човештвото."

"Нема сомнеж дека командантот Чавез беше нападнат со оваа болест. Старите непријатели на нашата татковина бараа начини како да го повредат неговото здравје... и научна комисија ќе го докаже ова."

"Порано или подоцна Порторико ќе биде независна република... и тоа ќе биде нашата одмазда со љубов: тие ќе престанат да бидат колонија на грингосите."

"Нешто влијаеше на изборот на јужно-американски папа, некој нов како да стигнал кај Исус и да му рекол: Епа, изгледа дојде времето на Јужна Америка."

"Снобови, педери и фашисти," водачите на опозицијата според Мадуро.

"Нивната цел е да ме убијат... Тие сакаат да ме убијат бидејќи знаат дека не можат да победат на слободни и фер избори," Мадуро за американските лидери.

"Расист... Нацист," Мадуро на аеродромот ЏФК, за време на претресот од обезбедувањето.

15 април 2013 - 11:12