300.000 Романци изградија болница од 30 милиони евра

Фрустрирани од лошото државно здравство Романците започнаа направи сам кампања, чиј краен резултат е болница на 8 ката која треба во 2021 да биде пуштена во употреба.

Донациите почнаа да се собираат во 2015 и од тогаш пари имаат дадено над 300.000 жители и 4.000 компании (и Металика со 250.000 евра).

„Мислам дека на Романците им требаше проект во кој ќе можат да веруваат затоа што изминативе 30 години ништо не беше изградено, ни патишта, ни болници, ни инфраструктура,“ објаснува една од двете ко-основачки на Подари живот НВО-то зад проектот, Оана Георгиу.

Романија освен што на ниво на ЕУ има најниска потрошувачка на здравство како процент од БДП, во исто време од година во година губи илјадници доктори и останат медицински кадар кои заминуваат во земјите од ЕУ.

Според невладината, најголемите донации доаѓаат од енергетските компании ОМВ Петром и Engie, а и Мастеркард се има истакнато со донациите. Инаку просечната донација на физичките лица на веб-страната за собирање донации е околу 16 евра.

Изградбата на болницата започна во јуни 2018, а на нејзино место и претходно имаше болница која била изградена кон крајот на 1970-те (што значи дека сепак била понова од поликлиника Букурешт во Скопје).

Од основањето во 2012, Подари живот помага во изградба на 18% стерилни сали за трансплантација низ Романија, со што за три пати го зголемува капацитетот за трансплантација на земјата. Плус ја имаат изградено првата лабораторија за „длабока дијагноза“ на леукемија, и ги имаат реновирано одделите за деца и возрасни низ болниците во трите најголеми градови во земјата.

Минатата година еден Романец збеснат од недостатокот на инвестиции во инфраструктурата на земјата, изгради и свечено отвори еден метар асфалтиран пат.

5 март 2020 - 15:32