Зборот заради кој ќе пропаднеа климатските преговори во Париз

По неколку години подготвување и две недели непрестајни преговори, меѓусебни компромиси и ценкања, судбината на целиот договор од Париз во саботата се сведе на еден единствен збор.

Кон крајот на петокот, претставниците на администрацијата на Обама креваат аларм откако длабоко во документот откриваат реченица која вели дека богатите земји "мора" (shall) да постават таргети на ниво на национална економија за намалување на штетните гасови.

Паниката е затоа што во претходните верзии што се разгледуваат на место на овој збор, беше зборот "треба" (should) - разликата е што "мора" наметнува правна облигација, а "треба" не создава таква обврска.

Во однос на администрацијата на Обама, промената на зборот значи и дека тие ќе мора да го поднесат договорот пред Сенатот за одобрување, додека по старо, со "треба" тие проаѓаат без мешање на Сенатот.

По ова американската делегација се пушта во пленарната сала во Париз обидувајќи се да го промени спорниот збор. Стравот од поддржувачите на договорот е дека повторното отворање на текстот ќе предизвика лавина ревизии од други земји, кои имаат свои забелешки на веќе затворениот текст.

На крај, САД успева да ги убеди домаќините да го променат зборот, а замената е прочитана на глас од делегат во пленарната сала, измешана во пакет со останатите технички ревизии. Неколку минути подоцна, договорот е прифатен со глас од 196 влади, кои ги претставуваат речиси сите држави на Земјата.

14 декември 2015 - 09:30