За твое добро, гаси парно, гаси светло

Низ цела досегашна еволуција нашите тела успеале да се навикнат на студените и мрачни зимски услови, сега одеднаш (од еволуциска временска перцепција) им создаваме услови на "вечно лето" во кои телото ни приближно не знае како да се снајде.

Научниците веќе имаат утврдено дека една четвртина од нашите гени се сезонски, и дека тие што се задолжени за контролирање на нашиот имунитет се поактивни во студените месеци отколку во летните денови.

Невробиологот од Универзитетот Абердин, Тајлер Стивенсон, трга од логиката дека како што сме обемно запознаени за тоа како дневниот циклус (пр. промена на работно време, спиење, временски зони) влијае на нашето здравје, така ништо не знаеме за тоа како нашето тело реагира при нарушувања во редовните сезонски промени.

"На пример џет-лег, кој го нарушува сметањето на времето, може да ја зголеми веројатноста некој да се разболе или да доживее емоционални промени.

Кога надворешната околина е сезонска (доаѓа зима), ама околината во твојот дом е константна (вечна топла пролет) тогаш имаш разидување. Ова може да ја зголеми веројатноста од различни болести и патолошки состојби," објаснува Стивенсон.

Тој тврди дека иако нашите тела се способни да се адаптираат на промени во околината, промената во животниот стил што доаѓа со индустриската револуција е премногу радикална, "и на нашите тела би им требало уште долго време за да се навикнат."

Стивенсон се обидува колку што може да ги следи сопствените совети, па дома температурата ја држи на 17 степени Целзиусови. По неговата пресметка светлината (и светлосното загадување) е многу посериозен проблем и многу полошо влијае на нашиот дневен ритам и на имунитетот.

15 октомври 2015 - 17:18