За една година цела Македонија во Германија

Минатата година во Германија влегле повеќе имигранти од кога и да е до сега, покажуваат официјалните бројки објавени во четвртокот. Рекордот што го поставува 2015 е 2,14 милиони новодојденци.

Збирот од 2,14 милиони нови луѓе е бруто бројка. Заради најразлични причини нешто помалку од 1 милион луѓе лани си заминале од најголемата економија во Европа, што според Федералната канцеларија за статистики резултира со нето имиграција од 1,14 милиони луѓе.

"Балансот на пристигнувања и заминувања преку германските граници е најголем во историјата на Федералната република," изјавиле од канцеларијата.

Главниот погон за ваквиот раст се бегалците од кризни региони од Азија, Блискиот Исток и Африка. Од овие 2,14 милиони (5.863 нови бегалци на ден) околу 310.000 се Сиријци. Во исто време околу 11.000 Сиријци минатата година заради ним познати причини одлучиле да ја напуштат Германија.

15 јули 2016 - 10:14