Врховни коментари

Додека историски Врховниот суд на САД е одговорен за оформување на иднината на земјата по најсериозните прашања што никој друг не може да ги реши, еден од актуелните врховни судии Анотнин Скалија, редовно ја размрдува јавноста со неочекуваните коментари.

"Лесно"
Судијата Скалија доста јасно ги објасни своите ставови за време на потпишувањето на една книга во Вашингтон. "Смртна казна? Абе дај ве молам. Тоа е лесно. Абортус? Апсолутно лесно. Никој никогаш не мислеше дека Уставот не дозволува спречување на абортусот. Хомосексуалност и содомија? Ве молам. 200 години ова е криминал во секоја сојузна држава," одговорил Скалија на прашањето, колку е сложено носењето одлуки за некои од прашањата.

"Vaffanculo"
Скалија не бил воодушевен кога во 2006-та новинар на Бостон Хералд го прашал кој е неговиот одговор за критичарите кои сметаат дека неговата религија го спречува тој да биде непристрасен во носењето на одлуките. "На моите критичари можам само да им кажам Е**те се," одговорил Скалиа, одмавнувајќи со раката под брадата.

"Несакани имигранти"
Кога Обама потпиша закон со кој дозволи младите имигранти да добијат американско државјанство, Аризона создаде сопствен закон за имиграција кој беше во спротивност со тазе потпишаниот сојузен закон. Законот на Аризона беше поништен од Врховниот суд, одлука со која Скалиа не се согласуваше. Тој тогаш дури порача дека Аризона треба да се отцепи од САД. "Ако обезбедувањето на територијата на овој начин повеќе не е во моќта на Аризона, треба да престанеме да се обраќаме кон неа како суверена држава," напиша Скалија. Тој потоа се повикал и на една забрана од 19-от век за ослободените робови во која се вели:"Законите на државата не служат само за отстранување на непосакуваните имигранти, туку исто така наметнуваат и казни за имигрантите кои без дозвола се присутни на нивна територија и за оние кои нив ги помагаат."

"60 часови во пекара"
Содомијата е една од "најлесните" одлуки на Скалија. Тој не се согласуваше со законот кој ги забрануваше законите против содомија во Тексас, кој го спореди со цел спектар на најчесто навредливи работи. "Законот неспорно наметнува ограничувања на слободата. Исто како и законите кои забрануваат проституција, користење хероин или пак работење повеќе од 60 часови во пекара," напиша Скалија во својата одбрана на законот. "Законите против бигамија, бракови од ист пол, инцест, проституција, мастурбација, прељуба, блуд, бистијалност и непристојност, сега исто така се под знак прашање со оваа одлука на судот."

"Рачни ракетни фрлачи"
Во разговор со Фокс за масакрот во Аурора, Скалија како жесток поборник за правото на носење оружје, го поддржа правото на Американците да се вооружат себе си со се што може да се "носи во рака." "Ова не се однесува на топови, ама веројатно допрва ќе треба да решаваме кога се во прашање рачни ракетни фрлачи кои можат да соборат авион."

"Тропосфера и што и да е"
За време на една расправа за глобалното затоплување, разговарајќи за загадувачите на околината, Скалија по грешка стратосферата ја нарекува тропосфера, по што беше поправен од страна на тужителот. Одговарајќи на забелешката, тој порача "Тропосфера и што и да е. Ти реков и претходно дека не сум научник. Токму затоа не ни сакам да се занимавам со глобалното затоплување."

"Крст, Ѕвездата на Давид и Полумесечина"
Расправајќи за изградбата на џиновски крст во знак на почит за сите американски воени жртви, Скајлија даде одговор на забелешката дека крст го преставува само Христијанството. "Што би сакале да изградиме? Спој на
Крст, Ѕвездата на Давид и муслиманската Полумесечина? " На што адвокатот за Унијата на американски граѓански права одговори "Никогаш не сум видел крст на Еврејски гробишта."

 

8 октомври 2012 - 17:45