Венецуела пред 6000-процентно поскапување на бензинот

Откако две децении литар бензин во Венецуела чини 1 цент (пола денар), сега заради крахот на цената на нафтата земјата се одлучува на покачување по кое цената ќе изнесува 60 центи (околу 33 денари) за литар.

Венецуела ги има најголемите потврдени резерви на нафта, членка е на ОПЕК и на извозот на нафта отпаѓаат 95% од приходите од извоз. Заради глобалниот пад на цената на нафтата државата е во сериозна рецесија и нема средства да го покрие увозот на основни производи, заради што во земјата има недостаток на продукти како млеко или тоалетна хартија.

Економистите ладнокрвно го коментираат растот објаснувајќи дека и после поскапувањето од 6.000 проценти, земјата пак го има најевтиниот бензин во светот.

Обидувајќи се да го смири финансискиот пазар, власта одлучи и да го крене официјалниот курс на домашната валута од 6 американски центи на 10 центи за еден боливар. Во комплицираниот финансиски систем во земјата постои и секундарна владина девизна стапка, на која еден боливар чини половина цент (или 0,25 денари).

За сето ова да биде крајно комплицирано има и трет, овој пат нелегален, девизен курс на црно каде еден долар се менува за 1045 боливари. Пред една година, курсот на истиот овој пазар изнесуваше 190 боливари за еден долар.

20 февруари 2016 - 16:26