Варуфакис за 60.000 долари

Еден од најинтересните ликови што во последно време се појавил во европската политика, моментално од позиција на поранешен грчки министер за финансии, своите јавни говори ги наплаќа до 60.000 долари од настап.

Според меил преписката меѓу атинска Прото тема и менаџерот на Варуфакис, сумата од 60 илјади долари е за говорите надвор од Европа. Меѓутоа во Европа ценовникот е далеку понизок и можеш да го договориш за 5.000 долари. Универзитетските предавања / говори ги наплаќа само 1.500 долари.

Во мејлот се нагласува и дека ангажирањето на Варуфакис како говорник, подразбира и подмирување на неговите трошоци за "авионска карта во бизнис класа, сместување, превоз од аеродром и низ местото на гостување, оброци и споредни трошоци."

Ангажманите на Варуфакис моментално ги менаџира Лондон Спикер Биро, кои себе се опишуваат како најголема агенција од овој тип во Европа, Африка, Азија и Блискиот Исток. На нивната листа има десетици говорници, од Ричард Брансон и Марк Кјубан, до Дезмонд Туту, Агаси и Бекам.

28 октомври 2015 - 15:39