Тајниот стриптиз клуб на њујоршките банкари

Чисто процедурално, клубот беше таен се додека Њујорк пост не објави голема сторија за него. Инаку стварно постои, стварно е за банкари од Вол Стрит и треба да имаш фино однесување за да те примат во него.

Пред да биде откриен од медиумите, клубот Saint Venus Theater постоел 3 години, а основан е од извесен Роб С. кој го направил за "своите другари од Вол Стрит."

Главната предност на клубот за неговите членови е што сите девојки кои настапуваат се аматери. Тоа се генерално девојки кои имаат работа преку ден (приправнички во модни компании, асистентки во уметнички галерии...) а навечер почнале да се занимаваат со стриптиз за да заработат екстра кеш.

Девојките заработуваат меѓу 400 и 1.000 долари од вечер, а од овие пари околу 120 до 140 долари им оставаат бакшиш на газдата на клубот и на персоналот.

Забавите на клубот се организираат 3 пати неделно на тајни локации низ Њујорк, за кои клиентите дознаваат преку приватна меил листа.

Меѓу правилата на клубот се дека секој член мора да биде "комплетен џентлмен" и да ги почитува девојките, како и тоа дека е забрането членување за сите помлади од 30 години.

Инаку и покрај тајноста и ексклузивноста, клубот забранува пушење цигари.

15 март 2013 - 10:10