Секс за кирија

Не е за паника кога комшии оговараат или се шпекулира по социјални мрежи, станува сериозно кога темата стига до Би-би-си, во случајов темата е млади од Британија кои немаат пари да си ја платат киријата.

Генерацијата Британци на возраст од 18 до 36 години е прва во развиениот свет која е на пат да има понизок животен стандард отколку нејзините родители. Лошиот пазар на работна сила и високата кирија се главните директни проблеми на „авокадо тост генерацијата“ од островот.

Ваквата ситуација целосно е искористена од луѓето што издаваат станови / куќи под кирија „кои на банкротираните милениумци им нудат ’аранжмани за возрасни’ во замена за кров над глава.“

Според последните бројки од Хаузинг черити шелтер, во последниве пет години на повеќе од 250.000 жени им бил понуден „аранжман за возрасни“.

Новинарка на Би-би-си решава да одговори на еден оглас на Крегслист, во кој сопственик на стан нуди бесплатно сместување во замена за секс.

 

6 март 2018 - 11:37