Русија наводно ги отвори фајловите на Сонуден

Меѓу сите фајлови што Сноуден им ги собра на Американците имаше и некои со највисоко ниво на енкрипција кои беше невозможно да се декриптираат. Беше.

По објавата на информацијата, британската разузнавачка служба одлучи да повлече некои од своите агенти од активни операции, а слично постапија и други западни разузнавачки агенции.

Веста за дешифрирањето ја објавува Сандеј Тајмс, а БиБиСи ги пренесува информациите добиени од владини извори дека "имаат информација" која ги натерала да ги прелоцираат агентите.

Според истите извори, "информациите собрани од Русија и Кина значат дека 'знаењето за тоа како функционираме' ја спречи Британија да стигне до 'витални информации.'"

Во меил од јули 2013-та до еден поранешен американски сенатор, Сноуден пишува: "ниту една разузнавачка служба - дури ниту нашата - нема капацитет да ги компромитира тајните што јас ги заштитувам. Иако медиумите не го пренесоа ова, една од моите специјализации беше да ги учам нашите луѓе од разузнавачките служби како да спречат овие информации да бидат компромитирани дури и ова околини со најголем ризик од контра-разузнавање (на пр. Кина)."

Според информациите од Сандеј Тајмс, Русија и Кина одделно работеле на декритптирање на фајловите, и двете успеале во тоа.

15 јуни 2015 - 10:52