Резултати од анкета, на кој како му дојде

Анкетна грешка е терминот кој во основа означува дека ако различни луѓе ја прават анализата на собраните бројки би можеле да добијат различни резултати, меѓутоа во рамки на наведената маргина од најчесто дел од процент. Њујорк тајмс прави анкета и бројките ги дава на четири различни анкетари. Резултатот е дека грешката не е ни приближно маргинална.

Самите резултати на анкетите зависат од "процената на анкетарите, подеднакво како и на науката зад анкетната методологија што е искористена," плус начинот на кој е поставена анкетата.

Од Тајмс анкетираат 867 гласачи од Флорида, на тема Хилари или Трамп. Резултатот што тие го добиваат во своите пресметки е дека демократската кандидатка има 1-процентна предност, 41 наспроти 40 проценти од гласовите.

Потоа идентичните сирови бројки им ги даваат на четворица, според нив, респектабилни анкетари. Резултатите се дека иако сите, освен еден, претежно се согласуваат дека Клинтон ќе победи, никој не ги добива истите резултати како Тајмс.

"Ова не треба да се сфати како индикација што тие би добиле кога тие би спровеле сопствена анкета. Секој од нив поинаку би ја поставил анкетата.

Меѓутоа нивните одговори покажуваат само неколку различни начини на кои анкетарите можат да обработат исти податоци - и како тие избори можат да влијаат на резултатот," пишува Нејт Кон во текстот за Њујорк Тајмс.

Разликата во резултатите се должи на тоа што анкетарите различно го адаптираат примерокот и ги идентификуваат веројатните гласачи. Целта на анкетата не е да покаже кој собрал повеќе гласови од овие 867 луѓе, туку врз основа на нивните одговори да се процени кој ќе освои повеќе гласови на ниво на цела Флорида.

Примерокот за да биде репрезентативен, правилно да ја опфати комплетната целна група што ја анкетирале, треба да утврди: кој е изворот (гласачки список, именик, попис...), кои се варијаблите (возраст, пол, раса...) и како се спроведува анкетата.

Дали испитаникот е гласач се одредува преку две основи: сам да каже дека планира да гласа, или врз основа на неговата гласачка историја и гласањето на изборите.

Ова е методологијата што ја користел секој од анкетарите:

 

21 септември 2016 - 17:29