Ресторан за оброк со возрасни

Во напад на идеја која ви дојде на сите вас што летово бевте на одмор без деца, ресторан од Хјустон одлучи да забрани влез за деца во локалот по 19 часот.

La Fisheria забраната ја објави на Фејсбук и таа важи за деца до 7 години. Како и се' на Фејсбук и тука пола биле воодушевени од идејата, а половина одма се кренале на бунт.

"Луѓето - пред се возрасните - излегуваат најчесто околу 19 часот. Ние само се обидуваме нив да ги испочитуваме. Ние не бркаме никого. Само се обидуваме да бидеме фер со сите наши муштерии бидејќи, како што реков, отвораме во 17 часот, а тоа е добро време за помладите деца да дојдат и да уживаат во храна со нивните семејства," објаснила ко-сопственичката на ресторанот.

Од персоналот на La Fisheria изјавиле дека мерката делумно била инспирирана откако неколку муштерии си заминале од ресторанот заради дечурланата што се дереле.

Во репортажата за веста, Фокс њуз забележува дека претходно еден друг ресторан од Хјустон се обиде да го направи истото со гостите под 16 години. Подоцна ресторанот пропадна, меѓутоа не мора да значи дека тоа причина за неуспехот. Слично минал и ресторан од Бруклин кој одлучил да не прима деца по 16 часот.

7 август 2013 - 12:55