Борис Дежуловиќ

Правда за Качавенда!

Ми се јавува пред некој ден во два по полноќ Кожо, да ми каже виц. Има тој таков обичај, да ѕвони во глуво доба на ноќта од кафана, да каже виц. Елем, разговараат во Бјелина двајца млади богослови: „Знаеше дека Качавенда е геј?", прашува првиот. „Не ме заебавај?!", се изненадува другиот. „А мене синоќа ми се фалеше дека е владика!"

пишува: Борис Дежуловиќ

На почетокот на муабетот да ги превенираме сите недоразбирања и сите можности за погрешно толкување: Емир Кустурица е сосема во право кога вели дека „ако има педери поштари, атлетичари, па зошто да ги нема и во црквата?. Организаторите на геј парадите нè учат да бидеме благонаклони кон парадата на гордоста, прават филмови за тоа дека тоа е нормално и сега одеднаш единствено не чини тоа што владиката е бисексуалец. Каде е сега разбирањето? И за него треба разбирање, не му е лесно ни нему", вели Кустурица во својата одбрана на владиката Качавенда, и секако, велам, е во право.

Всушност, геј-аферата со епископот ѕворничко-тузлански е последната граница на широката тајга човечки права и принципи, онаа најмалку познатата од сите слободи - таинствената и неистражена туѓа слобода. Дури и најмалку позната од сите туѓи слободи - таинствена и неистражена слобода на нашите непријатели, значи не само на оние кои се посветени, туку кои се всушност и дефинирани со потиснувањето на нашите слободи.

Одбраната на темелното човечко право на владиката Василије Качавенда на млад ебач оттаму е ултимативен тест на преживување во тој негостопримлив простор, дивата прашума во која балканската нога никогаш не стапнала.

Пред четири години, воочи втората белградска парада на гордоста - којашто неколку дена подоцна ќе биде откажана заради полициската одлука поворката „од безбедносни причини" да се помести од центарот на градот - на еден од собирите за поддршка на парадата во Центарот за културна деконтаминација, кај Борка Павиќевиќ, еден од последните добри духови на Белград, запознав момче од нам сосема непозната општествена ниша: тој е, имено, и геј и лут српски националист. Кустурица би рекол, „не му е лесно".

Ми ја повери тоа момче својата мрачна тајна, всушност две. Тој е несакано малцинство во обете спротивставени општествени групи на кои им припаѓа: за хомосексуалците е грозен четник, за српските националисти е грозно педериште. Затоа води прилично бизарен општествен живот - преку ден е жесток ѕвездаш, Делија од север, член на ултранационалистичките Српски двери, Образ и Наши, а ноќе, сам со себе, трагичен јунак на сопствените соништа. Неговото прашање е можеби кретенско, но легитимно: зошто не можам да бидам и педер и четник?

Ете, никогаш не сте размислувале за тоа, но педерите не се жртви само на негативни предрасуди. Не се, имено, сите хомосексуалци љубители на уметност, книжевност и мјузикли, не се сите чисти и уредни, пристојни, образовани и начитани граѓански либерали со развиен вкус за уредување на ентериер и редење чорапи и кравати: има меѓу нив и необразовани и недоделкани, штрби и примитивни, има и фудбалски навивачи, мафијаши и хулигани, има и десничари, националисти, четници и усташи, има и оџи и бискупи и православни владици, со крајно морничав вкус за уметност, музика, уредување на гардероба и ентериер.

Владиката Василије Качавенда е, значи, хомосексуалец, од оние од забранетата општествена ниша - не е тој само национал-шовинист, припадник на племе на кое хомосексуалноста му е табу и најлоша општествена стигма: тој е и свештеник, епископ, самиот значи поглавар на црква, во дваесет и првиот век единствената преостаната институција во која хомосексуалноста е легитимна причина и повод за екскомуникација.

Да е Василије Качавенда „поштар или атлетичар", значи да е хирург, пилот, член на управа на Телеком, фудбалски репрезентативец на БиХ или генерал на Вооружени сили - да е било што освен свештено лице - и да добил отказ заради јавно објавена порнографска снимка во клинч со млад ебач, во одбрана на неговото темелно човечко право, она на слободно сексуално определување, би станале сите слободарски снаги, а меѓу нив јасно, организациите за правата на лицата од ЛГБТ заедницата.

Вака, по владиката Качавенда никој не пушти солза. Не е, секако, тоа неразбирлива работа - на крајот на краиштата, владиката во својата шизофрена трагика бил нивниот формациски најопасен природен непријател - но таа не е ни неважна. Напротив.

Токму заради тоа - заради злосторничката формациско-светогледска идентификација на „ѓаволовиот владика" - важно е да се одбрани неговото човечко право на млад ебач. Затоа што застанувањето во стрелачкиот вод за владика педер, макар во тивкото, љубопитно мнозинство кое ќе се качува на ножни прсти за да ја види јавната егзекуција - е еднакво на премолченото согласување и на аболиција на сите злосторства заради кои епископот ѕворничко-тузлански општествено го имаат означено како „владика на ѓаволот".

Василије Качавенда, имено, не наебал општествено затоа што со темјан го кадел Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, ниту пак заради тоа што благословувал убијци, воени злосторници и нивните калашникови; не наебал ни заради тоа што во бошњачките авлии градел инает-цркви, ниту пак затоа што цели гроздови бошњачки куќи рушел за да изгради владички дворци; на крај, не наебал ни заради тоа што нив ги изградил со туѓи пари, подигнувајќи унаказен, позлатен песвдовизантијски псевдоверсај. Набеал на крај заради една единствена своја човечка особина, секако единствена која не загрозува туѓи слободи, заради тоа, ете, што сака - секс.

Собирањето на јавната егзекуција на владиката-педер е согласување оттаму на хомосексуалноста како општествена стигма. Ако молчиме заради тоа што еден воен злосторник наебал како хомосексуалец - дотолку и полошо, само затоа што е хомосексуалец - тогаш немаме право да креваме глас кога заради хомосексуалноста ќе наебат поштар или атлетичар, хирург, пилот, член на управа на Телеком, фудбалски репрезентативец на БиХ или генерал на вооружени сили.

За таа прилика сосема е неважно дали е геј-владиката шовинисти или фашист, како што е сосема неважно дали Емир Кустурица, бранејќи го својот светогледски спонзор, само иронично се пресметувал со геј-активистите и со либералните мондијалисти на другата страна на неговиот тесен свет. Нашата слобода, имено, е поголема токму за просторот на нивната омраза.

Затоа - не знам како да го кажам тоа, а да не ме разберете погрешно, не му вртете грб на владиката хомосексуалец.

Борис Дежуловиќ, Ослобоѓење

26 април 2013 - 13:45