Таг: Борис Дежуловиќ

Како ќе изгледаше светот да не се случеше настанот од 29 октомври 1969-та? Како мислите кој настан?

Во нова колумна Борис Дежуловиќ се прашува: што ако општото место во популарната култура - враќање во минатото и убивање на Хитлер - се преиначи во една поинаква „ликвидација“? Како би изгледал светот денес да можела да биде сопрена мисијата на Чарли Клајн и неговиот професор? Како мислите, кој Чарли Клајн?

Сите Срби во една држава

Резултатот на тоа далечно, заборавено српско курчење беа пет милиони бегалци и сто пеесет илјади убиени, од кои триесет и пет илјади токму Срби. Зошто тогаш „некои други народи можат да имаат една држава за еден народ, а Србите не?“ Ќе се обидам да објаснам што е можно поедноставно: затоа.  

Борис Дежуловиќ: Ода на тагата и минута на радоста

Неодамна известивме за, во најмала рака, необичната одлука на Загрепската филхармонија да ги извади „веселите“ дела на Чајковски од концертната програма и нив да ги замени со „посоодветни“ на Бетовен и Барбер. Во брилијантен текст на оваа тема, Дежуловиќ во ритам на кисело алегро вивачисимо, ја прави парам-парче, и оваа неинформирана (или лицемерна) одлука, и целиот концепт на „тажна“ и „весела“ музика. 

РК Загреб последен пат изгубил во првенство пред 12 години

Во една од своите сјајни колумни, Борис Дежуловиќ прави осврт на бесмисленоста на хрватската ракометна лига во која неприкосновениот РК Загреб до ден-денешен има 237 победи по ред. Не изгубил од 2007-ма.

Цензурата како самокастрација

Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат.

Дали е можна емпатија за Ѓаволот?

„Дали солзите на Ратко Младиќ се со ист состав како солзите на таткото на малата Медиса, или со солзите на Хусо Силајџиќ од Горажде?“, прашува Дежуловиќ, ризикувајќи да го претстави крвникот речиси како човек. 

По смртта на Предраг Матвејевиќ

Пред една недела, во загрепски дом за стари, заборавен од сите, во тесниот круг на најблиските пријатели, умре професор, писател, публицист, полиглот и еден од последните ангажирани интелектуалци на европскиот нов век. Веста на ХРТ по овој повод гласеше: „Умре автор на многу книги“.

Дежуловиќ за хрватското кошаркарско проклетство

Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.

10 факти за тестисите

Секоја чест за мовембар ама јајца требаат и во остатокот од годината, да речеме во април кој е всушност светски месец на подигнување на свесноста за опасностите од ракот на тестиси.

Балканот пред нов црн бран

"Укинeте ја Србија!", немоќно ќе зацвили Борис Дежуловиќ во пресрет на престојното есенско цунами ријалити шоуа кое наскоро ќе ги запоседне далечинските управувачи во регионов. Наместо Србија читајте Македонија и ќе се чувствувате како дома, пред телевизор.

Кога Швеѓаните ќе попиздат

Денот ни почна со тажна фото-репортажа за зеленилото во Скопје некогаш и сега, а некако кармички продолжи со овој текст на Дежуловиќ. За шесте хектари рекреативен простор среде Гетеборг, и необичниот концепт кој им овозможува на граѓаните да попиздат кога некој им го одзема заедничкиот простор и го продава на најдобриот понудувач. Тој се вика - „јавност".

Дежуловиќ конечно на македонски

Другарот Боро бил толку присутен на овој сајт, што понекогаш се воздржуваме да не преведеме нешто ново од него, само за да не ве удавиме. Ама сега еве ветуваме дека за некое време ќе апстинираме. И тоа затоа што - му објавивме книга!

Кој го уби Сашко Гешовски?

На 22-годишнината од смртта на војникот од Кавадарци, текст на Дежуловиќ од 2003., посветен на до заби голоракиот херој.

Правда за Качавенда!

Ми се јавува пред некој ден во два по полноќ Кожо, да ми каже виц. Има тој таков обичај, да ѕвони во глуво доба на ноќта од кафана, да каже виц. Елем, разговараат во Бјелина двајца млади богослови: „Знаеше дека Качавенда е геј?", прашува првиот. „Не ме заебавај?!", се изненадува другиот. „А мене синоќа ми се фалеше дека е владика!"

Договор замок руши

Пред неколку дена осамна неверојатна вест, особено затоа што доаѓа од цивилизираната Франција - замок од 18. век во селце во Бордо е срамнет со земја. По грешка!

Сите ние сме Коелјо

Реакциите по повод изјавата на Коелјо за „празното дрндање" на Џојс се уште не стивнуваат. Откако критичарот на Гардијан возврати со тоа што го нарече делото на Коелјо „помија", Дежуловиќ се придружува со нова дијагноза. Не е до човекот, вели тој, полошо е.

Робија наместо книга

Кога чувме за тоа дека во Бразил била воспоставена програма според која за секоја прочитана книга затвореникот може да добие наградно скратување на казната, помисливме дека идејата е супер. Но воопшто не се сетивме и на обратната можност - да лежиш апс наместо да читаш. За среќа има кому му текнува..

„Не можеш бе наш човек да заебеш!"

Балканските народи можеби негуваат меѓусебна омраза, ама околу едно се согласни: модерните државни системи се најголемиот душман на „нашиот“ човек, митолошкиот бог на измамата. Целата историја на таканаречениот напредок, е завера како тој да се заебе. Избор на антологиски примери во кои тој - јунакот - го возвраќа ударот.

Што е тоа гнида?

Кратка хронологија на случајот: во пресрет на овогодишниот Геј прајд во Сплит, група која се претставува како „сплитски интелектуалци" држи прес конференција на која го поврзува исчезнувањето на Антонија Билиќ, со минатогодишната парада.