Дежуловиќ за хрватското кошаркарско проклетство

Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.

За пиздарското бегство

„Летово се навршија точно 20 години од онаа недела кога селекцијата на тогашна Југославија, предводена од Дивац и Ѓорѓевиќ, во финалето на Европското кошаркарско првенство во Атина ја победи страшната Литванија на Сабонис и се качи на победничкиот престол.

Едно од побизарните финалиња, во кое поради наводна судиска кражба во полфуналниот пораз од Југославија, преку 20.000 Грци на трибините им свиреа на довчерашните православни браќа и отворено навиваа за Литванија, заврши уште побизарно: Кога се доделуваа медалите на Литванците и Хрватите (кои со победа за третото место ја освоија бронзата), а спикерот во салата го најави златото за европскиот шампион Југославија, репрезентативците на Хрватска пред кошаркарскиот свет демонстративно се симнаа од подиумот и исчезнаа од салата.

Беше тоа јули 1995. година, и истовремено на другиот крај од Балканот почна акцијата Бљесак со која хрватската војска ја ослободи Западна Славонија, а Мартиќ за одмазда го гранатираше Загреб. Пред самиот старт на ЕП, хрватските сили ја заземаа Динара, клучната стратешка точка за големото финале во Книн, а на Фрањо Туѓман му се случи најголемиот кошмар: Еден месец пред акцијата Олуја, Хрватска требаше да ги гледа своите репрезентативци како на најниската скала мирно стојат на омразената „Еј Словени“ додека Југословените триумфално креваат три прста.

Од Загреб стигнала директива од Јосиф Висарионович Туѓман и непосредно пред доделувањето на златото за Југославија, Хрватска го напушти престолот.

Во сите 45 години, никогаш претходно ни потоа не сум видел така срамно и кукавичко бегство како што беше тоа пиздарското од престолот.

Кога по историското финале против СССР на Олимпијадата во Минхен 1972. година американските кошаркари одбија да го примат сребрениот медал, барем не се појавија на церемонијата: ако ништо друго, нивниот бојкот беше поради контроверзните одлуки на главниот судија, Бугаринот Артеник Арабаџан.

Ова меѓутоа беше нешто друго. Организаторите на јарболот не го ставија знамето на Социјалистичка Република Хрватска, не беа хрватските кошаркари покрадени, на крајот не изгубија ниту пак играа со Југославија.

Избегаа како пички само затоа што Врховниот командант не можеше да поднесе што Србите се Европски прваци, а уште хрватските витези мораат да им честитаат.

Да го парафразирам стариот преварант Горан Бреговиќ и неговиот пророчки стих: „Кој не слуша Хеј Словени, ќе слуша Боже правде“.

Целата колумна на Дежуловиќ, тука.