Побогат си отколку што мислиш

Ако си писмен, имаш пристап до интернет, можеш да си дозволиш да наполниш некаков вид на смартфон / таблет што е твој и имаш доволно време за читање, тогаш ти си доволно богат за да им помогнеш на сиромашните во светот.

Идејата на Пацифик Стандард е дека иако 85-те најбогати луѓе на светот го заслужуваат најголемиот дел од вината, и остатокот од човештвото (што ги исполнува горните услови) не е безгрешно.

"Алчноста е костум направен по нарачка: тој наоѓа начин да се вклопи во секој животен стил, без разлика колку многу или колку малку заработуваш. Секогаш ќе биде полесно да ги гледаме супер-богатите и да се сожалуваме себеси, отколку да ги погледнеме супер-сиромашните и да сфатиме колку многу имаме да дадеме. Економскиот бран може ги крева јахтите се повисоко и повисоко, ама дури и ние кои сме во чамците за спасување можеме да им помогнеме на милијардите кои се дават," пишува Кејси Кеп во Пацифик Стандард.

Во книгата The Life You Can Save, Питер Сингер објаснува дека секој треба да донира најмалку 1% од своите нето приходи. Сингер тврди дека сите ние имаме барем еден луксуз од кој можеме да се откажеме: јадење надвор, купување облека не затоа што немаме туку затоа што таа што ја имаме не е во мода, пиење флаширана вода, надградување на технологија што веќе ја имаме, скапи одмори и слично.

Еден од главните аргументи на Сингер е дека треба да ја промениме нашата култура на алчност, во култура на давање, и ова не важи само за најбогатите.

"Најголемиот дел од нас живее со замислата дека ќе даваме повеќе веднаш штом имаме повеќе, ама кога нашиот приход ќе се зголеми ние ја менуваме границата. Без разлика колку имаме, ние секогаш се убедуваме себеси дека ни треба уште повеќе пред да можеме да си дозволиме да дадеме нешто," пишува Кеп.

23 јануари 2014 - 12:27