Педофилија во име на уметноста

Приказна за тоа како влијателниот уметнички естаблишмент на една земја успеал цели 20 години да го заштитува педофилot сликар Грем Овенден да злоупотребува деца во уметнички цели.

Точно пред 20 години, Одделот за детска заштита на Скотланд Јард тропнала на вратите на познатиот уметник и фотограф Грем Овенден, пребарувајќи му го домот и запленувајќи стотици слики од деца кои биле скарадни. Но, во негова одбрана веднаш застанува уметничката елита на Британија барајќи сексуалноста на неговите слики да не се меша со порнографија.

15 години подоцна полицијата повторно доаѓа со нов налог за претрес, тој бива кратко уапсен но повторно се наоѓа на слобода благодарејќи на влијателните ментори и поддржувачи.

Деновиве уметничкиот свет уште еднаш беше шокиран но овојпат тоа не беше доволно 70 годишниот Овенден чии дела се продаваат за по 25 илјади фунти да не биде осуден по 6 обвинителни точки за непристојност со деца и нивна злоупотреба.

Сите дела за кои е осуден била сторени пред првиот упад на полицијата а вклучуваат деца меѓу 6 и 14 години.

Дури и галеријата Тејт која две децении стоеше од негова страна ги отстрани делата на Овенден од постановките. Долгогодишните поддржувачи на Овенден сега велат дека последниот судски случај фрлил ново светло врз неговата работа, иако се работи за истото светло кое полицијата го имала уште пред 20 години.

8 април 2013 - 08:58