Нема раат за логото на ЛОИ 2012

Од 2007-ма, кога беше објавено, па до ден денес не престануваат критиките и сеирот за логото на Олимпијадата во Лондон. И понатаму број еден коментар останува она со Лиса Симпсон.

Во 2007-ма, кратко откако беше објавено, на интернет се појави петиција за менување на логото која за два дена собра 50.000 потписи.

Минатата година МОК мораше да му одговара на Иран, дека логото е расистичко бидејќи во него се крие зборот "ZION." На што Жак Рог требаше да објаснува дека логото нема никаква врска со расизам и дека тоа само ја претставува бројката 2012.

За дизајнот, забелешките беа:

"Изгледа како на дизајнерите логото да им паднало на патос, а потоа решиле да ги соберат искршените парчиња и така да го пријават," објаснува Фергус О'Саливен од Атлантик Ситис.

"Секој што сака да го објасни Олимпиското лого со некакви маркетиншки оправдувања, треба да прекине и да земе воздух. Некогаш, лошата работа е едноставно лоша работа," порачува друг критичар.

Инаку, најдоброто објаснување за симболиката на логото е дека изгледа како Лиса Симпсон да има орален секс.

13 јули 2012 - 10:22