"Најсиромашниот претседател"

Затоа што и другите немаат, и затоа што едноставно може да пројде и со помалку, претседателот на Уругвај, Хосе Мухика, донира 90% од својата плата.

77-годишниот претседател и поранешен герилец, во интервју за шпански Ел Мундо изјави дека ја донира речиси целата своја плата. Мухика објасни дека од платата од 12.500 долари месечно, задржува само 1.250 долари.

"Добро минувам и со оваа сума. Мора да ми е доволно бидејќи има многу Уругвајци кои живеат со многу помалку," објаснил Мухика.

Тој и сопругата - која е сенаторка и која исто така донира дел од платата - живеат на фарма во Монтевидео. Нивниот најголем луксуз е Фолксваген Буба од 1.945 долари.

Освен донациите, финансиското досие на претседателот покажува дека тој нема сметка во банка и нема никакви долгови.

Откако дојде на власт во 2010-та, како претставник на левата коалиција, Уругвај го доби статусот - најмалку корумпирана земја на континентот.

22 септември 2012 - 15:18