Леснотијата на женската убавина

Ја почнува кариерата на 16 години, а сега на 27 манекенката Камерон Расел признава дека се што направила за да биде манекена е што "добила на генетската лотарија."

По настапи за Келвин Клајн, Викторијас Сикрет, насловната на италијански Вог, таа се појавува на ТЕД со говорот "Looks aren't everything. Believe me, I'm a model." Во него Расел објаснува:

"Вистинскиот начин на кој станав манекенка е што добив на генетската лотарија. И јас сум добитник на ова наследство. Можеби се чудите. Што е наследство? Па последните неколку векови ние убавината не ја дефинираме само како здравје и младост и симетрија, на кои сме биолошки програмирани да им се восхитуваме, туку исто така и високи, витки фигури и женственост и бела кожа. И ова е наследството кое беше создадено за мене, и тоа е наследството на кое јас заработувам.

Нашето општество често ја вреднува сексуалноста и убавиот изглед на жената, повеќе отколку идеите на жената и работите што ги направила. Манекенството е една од неколку професии во кои жените заработуваат повеќе од мажите и тоа затоа што ние сме повредни предмети и украси. И има нешто многу вознемирувачко околу тоа, ама јас имав корист од тоа."

Расел, која има завршено економија на Универзитетот Колумбија, наведува и некои статистики околу статусот на жената:

- 6% од режисерите на топ 250-те филмови по заработка се жени.
- 3% од креативните директори се жени.
- 20% од колумните во списанијата се напишани од жени.

По говорот Расел продолжува да расправа на темата. Таа пишува колумна за СиЕнЕн, ја има во Телеграф, Њујорк Магазин и Њујорк Тајмс. Во меѓувреме го отвора Space-Made, инкубатор за мода во Бруклин, и работи како уредник во експерименталниот магазин Interrupt.

14 јули 2014 - 12:39