Колку плати Ел Чапо за да избега од затвор

Бегството од затвор во 2001-ва Ел Чапо наводно го има платено 3 милиони долари. Летово тој пак успеа да избега во затвор. Има неколку пресметки базирани на владини податоци, и една базирана на она што го кажува еден од платените убијци на Ескобар.

Математиката на Васкез (човекот на Ескобар) е дека Ел Чапо за поткуп на затворскиот персонал, владини функционери и изградба на 1,6 километри долгиот тунел, со вграден мотор на шини, кој завршува во недоградена куќа, плус превоз, платил 50 милиони долари.

Наспроти него, мексиканскиот весник Екселзиор, според бројки од владини извори, проценува дека бегството го чини помалку од 130.000 долари. Односно:

- 24.320 долари за изградба на куќата во која завршува тунелот.
- 91.200 долари за земјиштето на кое е изградена.
- 10.340 долари за пилотот кој го управува авионот со кој Ел Чапо бега од Мексико (сумата што ја добива другиот пилот, во авионот мамка се уште не е позната).

Слична пресметка има и весникот Ел Економиста, кој на бројките од Екселзиор додава уште 10.340 долари кои им се платени на сопствениците на аеродромот во Сан Хуан дел Рио, каде што чекаше авионот на Ел Чапо.

Ел Економиста забележуваат и дека во пресметката не е влезен трошокот за копањето на тунелот и изградба на инфраструктурата во него.

12 ноември 2015 - 17:38