Ваквиот просек делумно е заради 32-те фабрики за преработка на ѓубре во енергија (waste-to-energy), кои годишно обработуваат над 2 милиона тона ѓубре (околу 50% од ѓубрето произведено во земјата). За да биде сè по шведски, во овие фабрики стига отпадот што претходно Швеѓаните по ниту една основа не успеале да го рециклираат.
Со енергијата што ја произведуваат овие фабрики (ѓубрето се гори во огромни печки, и создава пареа која ги придвижува турбините на генераторите) се обезбедува греење на речиси еден милион домови, и струја за околу 250.000 домаќинства.
"Добра бројка за паметење е дека 3 тони отпад содржи исто енергија како и еден тон гориво... значи има многу енергија во ѓубрето," објаснува портпаролот на една од водечките енергетски компании во земјата, Оресундкрафт, Јоран Скоглунд.
По овие бројки 2-та милиона тони ѓубре што секоја година се горат, произведуваат енергија која би се добила од околу 670.000 тони гориво. Затоа што не можат производството да го покријат со сопственото ѓубре, Швеѓаните исто така ги расчистуваат и депониите од околните држави.
Паралелно со оптимизирање на енергијата што ја вадат од ѓубрето, тие го оптимизираат и процесот филтрирање и намалување на штетноста на штетните гасови кои произлегуваат како нуспроизвод од целата постапка.