Кипарската црква губи 100 милиони евра

Со новиот план за спас на Кипар и собирањето пари од банкарските сметки тамошната православна црква е на добар пат да изгуби над 100 милиони евра.

"Капиталот кој го поседува црквата и кој е поголем од 100 милиони евра е изгубен. Ќе има доста проблеми, некои ќе изгубат работа, ќе порасне бројот на гладни а црквата мора да ја превземе грижата за народот," изјавил архиепископот Хризостом Втори.

Православната црква има значителен капитал на островот, вклучувајќи и удел во банките кои се пред сам банкрот. Таа е и најголемиот земјопоседник на Кипар.

Пред неколку дена, архиепископот побара Кипар да излезе од евро зоната и да ја врати својата стара валута, кипарската фунта.

25 март 2013 - 21:39