
Иако и претходно не беше вонредно експедитивна, сега поштата е комплетно блокирана заради нарачките од интернет. Моментално тие само на царина и на аеродромот во Москва имаат околу 500 тони меѓународни пратки.
Проблемот се должи на бумот во интернет шопингот во Русија. Во 2009-та, имаше околу 2,3 милиони пакети кои беа нарачани по интернет, во 2012-та бројот се зголеми на 17 милиони.
Ова има и меѓународни последици, затоа што во целата неорганизираност во Русија седат "заробени" камиони на повеќе светски пошти. Неодамна германската пошта испрати официјална жалба до колегите во Русија, за времето кое нивните камиони го минуваат во чекање.