Хотелски султанат среде Беверли Хилс

Ричард Бренсон, Џеј Лено и Елен ДеЏенерес се меѓу познатите лица кои се придружија на протестите околу легендарниот хотел во Беверли Хилс откако неговиот сопственик реши да воведе шеријатски правила во хотелот.

Сопственик на угледниот Беверли Хилс хотел е протекторатот Брунеи чиј султан неодамна најави дека во согласност со домашните закони, шеријатските правила ќе се однесуваат на сите нивни поседи. 

Меѓу другото, предвидено е каменување до смрт за содомија или прељуба, сечење раце за кражби, камшикување за кражба и слични шеријатски дидактички мерки.

По жолчна дебата околу тоа дали хотелот треба да биде бојкотиран, градскиот совет на Беверли Хилс сепак едногласно усвои одлука за осуда на новите закони на Брунеи и побара хотелот да биде продаден на поцивилни сопственици.

Брунеи е поранешна британска колонија со околу 400 илјади жители со кој владее султанот Хасанал Болкиах. Деновиве таа стана првата земја во источна Азија која го воведе строгиот исламски казнен законик.

Хотелот "Beverly Hills", како и познатиот "Bel-Air" се дел од синџирот луксузни хотели од брендот  Dorchester Collection, во сопственоста на Инвестициската агенција на Бруени со којашто раководи брунејската влада.

7 мај 2014 - 13:29