Гужва на океаните

Користејќи сателитски снимки и вештачка интелигенција, истражувачи ја мапираа човечката активност на море со поголема прецизност од кога било досега. Се обелодени огромна индустриска активност што претходно не беше детектирана, од сомнителни  риболовни операции до експлозија на енергетски сектор во водите.

Мапите беа објавени во списанието Nature, истражувањето го предводеше непрофитната Global Fishing Watch, сето тоа поддржано од Гугл.

Главни наоди:

- три четвртини од индустриските рибарски бродови во светот делуваат под радарот на јавноста.

- една третина од транспортните и енергетските бродови, исто така, го избегнуваат јавниот мониторинг.

Тоа веќе не се слепи точки туку слепи ќошиња и нивното постоење сериозно ги девалвира глобалните напори за зачувување на природата и наш попитом однос кон неа.

Речиси секоја држава на планетава се согласи на заедничка цел за заштита на 30 отсто од земјата и водите до 2030 година според Кунминг-Монтреалската глобална рамка за биолошка разновидност, усвоена минатата година.

„Прашањето е кои 30 проценти треба да ги заштитиме?“, прашува еден од авторите на трудот.

За да се дознае што се случува по океаните и морињата, досега првенствено служеше поморскиот систем за автоматска идентификација (AIS). Системот ги следи пловните објекти кои носат кутија што испраќа радио сигнали, но регулативата за поседување АИС се разликува од земја до земја а и прилично е лесно некој да ја исклучи кутијата кога сака да избегне откривање или да крстари низ локации каде што јачината на сигналот е незначителна.

За да се пополнат празнините кои ги остава АИС, биле анализирани 2.000 терабајти снимки од сателитската констелација Сентинел-1 на Европската вселенска агенција.

За да се „дижестира“ толку огромно количество податоци, биле развиени три модели за длабоко учење со кој се класифицирал секој откриен брод, се проценувала неговата големина и сл.

Додека риболовната активност се намалила на почетокот на пандемијата, гужвата ја пополни офшор енергијата. Турбините уште пред неколку години сочинуваа 48 отсто од целата океанска инфраструктура, додека нафтените структури сочинуваа само 38 отсто.

* Global Fishing Watch се овде

4 јануари 2024 - 13:47