Детето на планетата

Феникс Финкбајнер од Германија на оваа планета престојува само 14 години. Пред 5 години си помисли една од оние детски блесави желби, да ја спасува Земјата. Поконкретно, да насади еден милион дрвја. И знаете што, оваа желба веќе ја исполнил пред две години.

На 28-ми март, 2007-ма година, тогаш 9 годишниот Феликс Финкбајнер од Германија го насадил првото дрвце од замислената кампања за "Еден милион дрвја".

И лавината некако тргнува.

Денес зад себе има силна организација за заштита на природата и авторска книга посветена на оваа глобална тема.

Организацијата "Plant for the Planet", уште во 2011-та го засади милионитото дрво во Германија. Проширена е и во други земји, 131 на број, со истата идеја "за секое донирано евро, планетата да добие едно ново дрвце."

Финкбајнер е прогласен за еден од 20-те највлијателни еко активисти на светот, заедно со ликови како Принцот од Велс или Бред Пит.

А неговата идеја произлегла од еден училишен проект. Бил охрабрен од својот учител и така се случил тој 28-ми март од кој сè почнало. Прво дошла финансиска помош од произведувачот на автомобили Тојота и потоа идејата дека и децата можат да сторат многу за околината се трклала до својата цел.

Малиот вели дека иако целта е исполнета, продолжува со истата мисија.

18 март 2013 - 12:25