Чиј (паркинг) е подолг?

Што може да направи еден градоначалник изнервиран што полицијата му оставила белешка со казна за погрешно паркирање?

Корветата на градоначалникот на Логанспорт во Индијана делумно зафаќала дел од улицата кој е забранет за паркирање и обележан со жолта боја (види подолу).

Реонскиот полицаец знаел за чиј автомобил се работи но не се двоумел многу па оставил белешка со казна од 20 долари. На градоначалникот на Логанспорт не му било првпат да има проблеми со локалната полиција но овојпат решил да го возврати ударот. Ја платил казната, а неколку дена потоа, паркингот резервиран исклучиво за службени полициски возила изгледал вака:

Првиот човек на Логанспорт едноставно донел уредба да се зафати прилично голем дел од полицискиот паркинг, да се обележи со жолта боја и да се стави знак: ИСКЛУЧИВО ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ!

Тед Френклин вели дека неговите проблеми со полицијата започнале веднаш откако одбил да вработи роднина на некој полициски шеф во својата градска администрација.

26 јули 2012 - 15:54