Британија не може да изеде колку што Индија може да фрли храна

Околу 40% од храната произведена во Индија се фрла, а само од вкупното производството на жито во Индија се фрлаат околу 21 милион тони пченица, покажува извештајот на УНДП.

Земјата е на 63-то место меѓу 88-те земји на Глобалниот индекс за глад на ОН. Анонимен извор од УНДП во врска со извештајот изјавува "Индијците годишно фрлаат повеќе храна отколку што цела Велика Британија консумира."

Најголемиот дел од фрлената храна доаѓа од масовни настани како свадби, семејни собири, бизнис собири, кантини и хотели. Како што објаснува индискиот Бизнис ворлд: "нашата култура и традиција исто така играат важна улога во оваа драма каде не може да се очекува само владините политики да бидат доволни за нејзино решавање. Во Индија, колку е поголема свадбата, колку е поголема забавата, толку поголем може да се очекува да биде отпадот."

Освен самата слика на фрлена храна, ваквиот отпад повлекува и дополнителна штета:

- Во земја каде милиони луѓе немаат чиста вода за пиење 25% од чиста вода се користи за производство на храна, од која дел завршува во ѓубре.

- Додека во земјата годишно се фрла повеќе храна отколку што Британија консумира, и натаму 65 милиони луѓе во Индија живеат во глад (отприлика колку вкупната популација на Франција).

- Цели области во Индија константно се чистат од шуми, со цел создавање нови земјоделски површини за поголемо производство на храна.

- Годишно во земјата се увезуваат над 300 милиони барели масло за јадење, третиот по големина увозен продукт на Индија, кое се користи во производство на храна од која еден дел на крај завршува на отпад.

29 август 2017 - 12:44