
Откако ја дознал веста, 27-годишниот Етан Витингтон, организира собирање пари за бездомникот преку GoFundMe.com. Целта била Глен Џејмс (бездомникот) да се награди со 50.000 долари. Успеваат да соберат над 70 илјади долари.
До сега донирале речиси 3.000 луѓе, од кои секој во просек дал по 25 долари, а Витинготн допрва треба да најде начин како ќе му ги даде парите на Џејмс.
Освен пари, на GoFundMe.com луѓето понудиле да донираат и облека, храна и компјутери, а неименувана компанија понудила и да го вработи Џејмс.