Бездомниците на сметка на милионерите

Лос Анџелес составува план за искоренување на бездомништвото во градот и околината, клучен дел од планот за спас на бездомниците е дека милионерите треба да платат за тоа.

Плаќањето ќе биде во форма на "данок за милионери" кој ќе наплаќа половина процент од личните приходи што надминуваат 1 милион долари годишно. Предлог законот, за кој планот е да биде ставен на гласање во ноември, има поддршка од 76% од жителите на Лос Анџелес.

Планот за справување со бездомништвото во градот, има 47 точки, а локалните власти веќе обезбедија 100 милиони долари за негово спроведување. Проблемот е што ним им недостасуваат одржливи извори на пари за финансирање на долгорочни програми за борба со сиромаштија и за справување со ментално здравје. По оваа основа данокот за милионери им изгледа како одржлива опција.

Републиканците во локалната власт дифолтно се против законот за даночење на милионерите, објаснувајќи дека ако пројде овој предлог, граѓаните во иднина ќе бидат "бомбардирани со даночни опции" во кои би им се собирале дополнителни пари за помош за работи како паркови или превоз.

Спорното е и што со ова би се направил преседан бидејќи властите на Калифорнија ќе треба да им дадат овластување на локалните власти да наметнуваат данок на приход. Според републиканците доколку се воведе ваква пракса, следниот пат градот кога нема да има пари и ќе побара помош од сојузната власт "тој може да биде одбиен и да му биде кажано да бара пари директно од своите граѓани."

3 јуни 2016 - 12:05