Ќе ме мразат што ќе го напишам ова:

Запрете ја војната!

Русија и Украина нема сами да ја запрат војната. Заглавени се во ќорсокак, премногу крв и капитал се вложени, големи отстапки од која било страна би донеле до политички пад на лидерите. Можат САД и Кина, ама, нејќат, секоја со свои мотиви. Како што сега стојат работите, војната веројатно ќе се одолговлекува на неодредено време, или барем додека Украина не остане без пари, оружје и луѓе.

Руската војна против Украина трае повеќе од 18 месеци и доведе до над 500.000 жртви (ранети и убиени), вклучително речиси 200.000 убиени на двете страни. 

Минатиот март трошоците за обнова на украинската инфраструктура беа проценети на 411 милијарди долари. Сега се веројатно многу повисоки. Војната турна седум милиони Украинци во сиромаштија, создаде над шест милиони бегалци а на 17 милиони им е потребна хуманитарна помош.

Освен 100.000 мртви во војната - повеќе од она што САД го имаше во Виетнам, Авганистан и Ирак заедно - Русија не претрпе толку многу како Украина. На крајот на краиштата, војната не се води на нејзина територија (со исклучок на нападите со дронови). Сепак, руската економија минатата година се намали за 2%, а оваа година ќе порасне само за околу 1,5%. Државата мораше да мобилизира 300.000 немотивирани резервисти и изгуби околу 900.000 млади и образовани луѓе во самопрогонство.

Русија и Украина нема сами да ја запрат војната

Двете нации губат, но ниту една нема да престане да се бори. Заглавени се во крвав ќор-сокак без јасен пат до победата и без мотив за преговори. Вложија премногу крв и богатство и потрошија премногу политички капитал, за да се прифатат на барањата на другиот. Големите отстапки од која било страна би донеле до политички пад на нивните лидери.

Како што сега стојат работите, војната веројатно ќе се одолговлекува на неодредено време, или барем додека Украина не остане без пари, оружје и луѓе. Русија, со своите огромни резерви војници, вооружување и пари од нафта, ќе продолжи да се бори додека не постигне привидна победа или додека трошоците не станат толку високи што Путин биде соборен и поставен поумерен лидер (доколку таму постои таква личност).

Е па, кој?

Единствените субјекти кои можат да ја запрат војната во моментов се Кина и САД. Кина е како голем брат на Русија. Нејзината економија е четири пати поголема, нејзината војска е многу поголема со луѓе, нејзиното земјоделство е попродуктивно и нејзиниот технолошки развој е понапреден. Кина е убедливо најголемиот трговски партнер на Русија и најголем пазар за нејзината нафта и други фосилни горива.

Ако Си Џинпинг изврши притисок врз Путин да ја прекине војната или ако престане да зема нафта, војната ќе заврши. Но, тој има мала мотивација за тоа. Кина купува руска нафта со попуст, а војната го одвлекува американското внимание.

Од своја страна, Америка нема дадено ни увертира да тргне кон мир. Сите ги знаеме причините зошто не решава да ја запре војната: 1) можноста за уништување на главниот геополитички ривал во евроазиското срце; 2) огромниот профит од политички поврзани сектори за оружје; 3) желбата да се потврди американската доминација над ЕУ и НАТО; 4) демонстрација за Кина дека ќе плати висока цена ако се обиде да го решава Тајван на руски начин и 5) потребата да се задржи идејата дека нема алтернатива за глобалната американска политичка и економска хегемонија.

Еве го делот што ќе ме наполни со хејтерски меилови

Америка мора да го притисне Зеленски да сигнализира дека е подготвен да направи отстапки за мир. Некаква целосна победа е krajno залудна надеж, затоа нема друга алтернатива. Војната отсекогаш била игранка за будали на двете страни. Таа можеше да се прекине пред да започне, или еден ден, месец или година потоа, под истите услови: земја за мир.

На Русите ќе им се даде она што веќе го имаат - Крим и дел од Донбас - во замена за воено повлекување, признавање на украинскиот суверенитет, меѓусебен пакт за ненапаѓање, гаранции за безбедност од трета страна (ОН или НАТО) и американско обврзување за постепено намалување на санкциите.

Критичарите ќе прашаат: „Ако Украина треба да ѝ отстапи територија на Русија - не е ли тоа награда за агресијата“? Одговорот е „да, но тоа е цената на опстанокот на Украина и предусловот за нејзина обнова“.

Дури и ако мислите дека Украина треба да се бори до својот последен човек за нејзиниот целосен територијален интегритет, зошто па Америка би морала да ги поддржува тие максималистички цели? Тврдењата на американските хушкачи како Тимоти Снајдер дека Путин е Хитлер кој потоа ќе ги загрози Полска и другите земји на НАТО беа смешни и на почетокот на војната, а уште поапсурдни се сега кога е разоткриена воената слабост на Русија.

До неодамна, малкумина Американци имаа слушнато за Донбас, а уште помалку можеа да го најдат на мапа. А сепак, на тоа се сведе војната. Протестите за светоста на националниот суверенитет се крајно лицемерни, со оглед историјата на американските интервенции ширум светот.

Но, не само нечесни, тие се и погрешни. Војната не може да ја добијат Украина и САД, барем не по цена што е разумна, и затоа мора брзо да се заврши.

За да се стори тоа, американската левица ќе мора да го отфрли својот брак со либералите од Студената војна и да почне да го прави она што историски го правела: да се бори да стави крај на американскиот империјализам и воените интервенции. Дополнително, треба да изврши притисок за елиминација на нуклеарното оружје и да се организира поддршка на планета погодна за живеење и економија заснована на задоволување на реалните човечки потреби, а не на збогатување на неколкумина.

професор Стефан Е. Ајзенман

4 септември 2023 - 12:56