СЗО конечно го објави извештајот за потеклото на коронавирусот, и резултатите не вредеа толку чекање. Документот најдобро треба да биде разбран како перење под сериозно влијание на Кинеската комунистичка партија и Западњаци со конфликт на интереси.
Извештајот - примарно базиран на годинешната посета на меѓународен тим на Вухан, каде ковид-19 прв пат беше откриен - содржи малку нови информации. Меѓутоа тимот анализира четири сценарија за потеклото на вирусот.
Извештајот вели дека најверојатниот извор на вирусот е трансфер од лилјаци на луѓе, преку друго животно посредник. Втората по веројатност верзија е дека лилјаците директно пренеле ковид-19 на луѓе. Извештајот исто така сериозно ја обработува и третата теорија, која главно беше застапувана од Пекинг, дека вирусот пристигнал во Кина во замрзната храна, за која СЗО тврди дека е „возможно“ и повикува на дополнително истражување.
Највпечатливо е дека тимот заклучува дека е „екстремно неверојатно“ дека вирусот протекол од лабораторија како Вуханскиот институт за вирологија (ВИВ). Во извештајот само се наведува дека просториите на ВИВ биле „добро менаџирани, и имало програма за мониторирање на здравјето на вработените.“ Извештајот предлага „регуларна административна и внатрешна контрола на лабораториите со високо ниво на био-безбедност на глобално ниво“ и пренесување на дополнителните докази.
Сепак веќе доволно се знае за ВИВ за да се заклучи дека на ова му недостасува кредибилитет. Во 2018 американските функционери во дипломатски депеши предупредија дека се згрижени за безбедноста и менаџирањето на ВИВ кое би можело да доведе до пандемија. Ова е посебно проблематично бидејќи ВИВ спроведуваше истражувања на вируси кои теоретски би им овозможило да заразат и други видови.
Американскиот Стејт департмент во јануари предупреди дека истражувачите на ВИВ есента 2019 развиле „симптоми кои наликуваат и на Ковид-19 и на сезонска настинка“. Извештајот на СЗО без разлика и верува на збор на кинеската влада кога вели дека „немало извештај за респираторна болест налик ковид-19 во неделите/месеците пред декември 2019.“
Ши Женгли од ВИВ минатата недела изјави дека лабораторијата нема никакви врски со кинеската војска. Меѓутоа Стејт департментот во јануари објави дека со години „ВИВ соработувал на публикации и на тајни проекти со кинеската армија“. Тврдењата на САД се базирани на опсежно разузнавање, а администрацијата на Бајден не ги демантираше овие заклучоци. Дали тимот на СЗО воопшто ги проверил американските докази?
Тенката анализа на СЗО не е изненадувачка. Научниците на кинеската влада обезбедија најголем дел од податоците и работеа заедно со меѓународниот тим на составување на извештајот. Пекинг има ограничен независен пристап до информации за ковид-19, откако лани ги замолчи научниците и новинарите што покренаа сомнежи околу официјалната приказна. Објавувањето на извештајот беше одложено, бидејќи и двете страни преговараа за извештај кој е повеќе политички отколку научен.
Тимот на СЗО исто така е компромитиран од конфликт на интереси. Зоологот Питер Дасзак, Американецот вп тимот, со години соработуваше со ВИВ и ги поддржуваше нивните експерименти. Во февруари 2020 тој помогна во координирање на изјава во Лансет во која се осудуваат „теориите на заговор дека ковид-19 нема природно потекло“. Друг член, вирологот Марион Купманс, ја надгледува лабораторијата во Холандија која има спроведувано ГФР експерименти и се соочува со сериозни реперкусии ако се заклучи дека вирусот потекнува во лабораторија.
Администрацијата на Бајден нема заземено дефинитивна позиција околу теоријата за протекување од лабораторија, меѓутоа ковид-19 портпаролот Ентони Фаучи минатата недела ја отфрли идејата. Институтот на Фаучи има финансирано истражувања во ВИВ, меѓу другото и ГФР експерименти. Тој е погрешниот човек за уверување на јавноста околу лабораториски истражувања на коронавируси.
Фаучи се обиде да го побие Роберт Редфилд, поранешниот прв човек на Центарот за контрола и спречување на болести, кој минатата недела изјави „се уште мислам дека најверојатно потекло на овој патоген во Вухан е од лабораторија.“ Доктор Редфилд додаде дека пренесувањето на вирусот на вработен во лабораторија не е нешто невообичаено во такво истражување.
Дури и СЗО ја признава неверојатноста на извештајот. „Јас не верувам дека оваа проценка е доволно опсежна. Дополнителни податоци и студии ќе бидат потребни за постигнување на поробусни заклучоци,“ изјави генералниот директор на СЗО во вторникот. „Иако тимот заклучи дека протекување од лабораторија е најмалку веројатната хипотеза, тоа бара дополнително истражување.“ Тој е подготвен за испраќање на повеќе специјалисти, но не очекувајте Пекинг да ги прими.
САД и 13 други влади објавија изјава во вторникот во која изразуваат „заедничка загриженост“ дека студијата на СЗО „била значително одложена и немала пристап до целосни, оригинални податоци и примероци.“ Тоа е фино, но звучи како тие да се подготвени да заклучат дека потеклото на ковид е непознато и дека треба да се продолжи понатаму.
Ова не треба да биде крајот. Администрацијата на Бајден е запознаена со постоечките разузнавачки податоци и треба да ги објави во јавност. Доколку не го направи тоа, кинеската пропаганда поддржана од неуспехот на СЗО ќе преовладее кај најголемиот дел од светското мислење. Администрацијата на Бајден тврди дека сака да ги ревитализира меѓународните институции, и тоа треба да почне со отфрлање на перењето на Вухан од страна на СЗО.