Британците се изглупираа со Блек лајвс метер

Како што организаторите на британските БЛМ протести признаваат дека направиле проневера на пари, колумнистот на Телграф порачува дека Британија треба да си признае дека во 2020 се изглупирале со хистеријата околу БЛМ.

Се сеќавате на БЛМ протестот во Бристол? Протестот на кој толпата фрли статуа во пристаништето? Деновиве на суд, еден од организаторите призна проневера откако исчезнаа 30.000 фунти донации од БЛМ.

На овие донатори нема да им се верува, ама мислам нема да бидат единствени. Бидејќи, три години подоцна, имам чувство дека е правилно време за да се осврнеме на случувањата за време на лудото лето 2020 и да прашаме - што ни беше тогаш?

Сите се сеќаваме што се случи. Речиси цел месец, масовни протести ја зафатија цела Британија. Пред Даунинг стрит, полицаец на служба клекна на колено. Лидерот на лабуристите и неговиот заменик, позираа за фотографија на која свечено клекнаа на колено во Парламентот.

Потоа и англиската фудбалска репрезентација почна да клекнува. Всушност, тие го изведуваа овој американски гест дури и откако американските спортисти престанаа. Од таму и неочекуваниот спектакл пред натпреварот меѓу Англија и САД на минатогодишното Светско првенство. Англиската репрезентација клекна, американската не.

Сето ова се случи како реакција на еден настан: убиството на Афроамериканец од страна на бел американски полицаец во американската сојузна држава Минесота, оддалечена 6.500 километри. Убиството секако беше ужасно. Меѓутоа како се случи толку големи протести против американски полицаец да еруптираат во Британија?

Мислам тоа беше потсвесна реакција на карантинот за пандемијата. Младите беа заклучени дома цели два месеца. Им се смачи. Станаа очајни да излезат, да бидат дел од толпа, повторно да добијат чувство на заедница. И како што фуриозно излегоа заедно на улиците, овие протести им ги задоволија сите тие желби.

5 октомври 2023 - 09:44