Мажите што мразат кога ги шпионираат, и жените што самите се виновни

Парадоксот го создаваат луѓе кои имаа бескрајни тиради околу прислушувањето од страна на властите (НСА, ФинФишер и сл.), како тоа ја нарушува приватноста, основните човекови права и достоинство, а сосема природно ги осудија девојките дека лично нивна е кривицата за тоа што некој им упаднал во приватните сметки.

Без разлика дали е правилно или не, на сите им е јасно дека сликите вечно ќе останат на интернет и тоа никој нема да може да го промени. Паралелно со целата афера се провлекува и феноменот во кој (дел од) онлајн публиката смета дека девојките се виновни за тоа што нивните приватни фотографии некој ги украл и ги објавил на интернет.

Ваквото однесување создава еден парадокс околу приватноста, бидејќи добар дел од овие со став "кој ви е крив кога се сликате" се истите луѓе кои долги години се борат против шпионирањето од страна на најразлични владини институции.

Верџ го дава примерот со Лари Вакс, радио водител, кој во повеќе наврати се има бунтувано против праксата на НСА за шпионирање на американските граѓани:

Ама затоа за приватните фотографии ставот е:

Потоа тука се и примерите со:

Или радио водителот:

За деновиве ова да го твита:

"Ова е само дел - ти читателот, до сега си запознаен со пакосните и развратните тенденции на интернетот. Само што за ова да го обвиниш 'интернетот' е глуп начин за зборување за она што се случи вчера. 'Интернетот' е низа на цевки, кои не поврзуваат со мизерни шупаци од целиот свет. Во деновите што доаѓаат ќе дознаеме кој ги објавил фотографиите и во која соба од куќата биле кога го направиле тоа и кое оружје го користеле, меѓутоа овие детали се само различен вид на порнографија за луѓето кои повеќе сакаат да знаат за калибарот на оружјето на масовниот убиец, отколку за имињата на жртвите," пишува Т.Ц. Сотек во текстот за Верџ.

3 септември 2014 - 11:25