Твитер песна на денот:

Луѓе има, пари нема, аџанак баџанак

Откако Маск го презеде Твитер, тој бележи рекорден раст на корисници, спротивно на тврдењата на некои кругови дека ќе се случи масовен егзодус на корисници од платформата. Но, дали тоа ќе биде доволно за да се вратат и огласувачите кои беа подуплашени од гневот на кансел ордите?

Дневниот раст на корисници на Твитер достигна „историски рекорд“ за време на првата недела откако Маск е во посед на платформата.

По преземањето на Твитер кое со месеци беше следено со драми, најпосакуваните корисници, оние кои можат да се монетизираат (mDAU - monetizable daily user) пораснал за 20%. Во САД, кои се најголемиот пазар за платформата, растот е и поголем, покажуваат инсајдерски документи до кои дошле Верџ.

И Маск твитна дека по обелоденувањето на неговиот дил за Твитер, бројот на корисници значајно се зголемил ширум светот. Последно што компанијата објави кога беше обврзана за тоа бидејќи беше јавна компанија, беа 237.8 милиони mDAU-а и 16,6% годишен раст според вториот квартал. Во меѓувреме имаат додадено 15 милиони нови корисници со што го штиклираат таргетот од четвртина милијарда.

Корисниците не направија масовен егзодус како што се надеваа фановите на контролираната мисла, меѓутоа ситуацијата со огласувачите е проблематична. Го призна тоа и Маск, дека компанијата регистрирала „масовен пад во приходите“ поради „притисокот на активистичките групи врз огласувачите“.

Беше регистриран и шпиц во расистички и хејтерски твитови за кои газдата тврди дека се резултат на координирани трол кампањи.

Најголема џева се крена околу „беџевите“ за верифицирани твитер сметките за кои Маск најави дека ќе се наплаќаат 20 долари месечно.

Откако пребогатиот бестселер писател Стивен Кинг се побуни околу цената, Маск понуди за 8 долари, што водеше до еден бонбона коментар (под сликата):

„Стивен Кинг, тежок 500 милиони долари, и Илон Маск, тежок 200 милијарди долари, преговараат за заштеда на 12 долари месечно“.

 

 

9 ноември 2022 - 12:30