Две години затвор за он-лајн тролови и Твитер „групњаци“

Не „групњак“ во Порнхаб смисла на зборот, туку во смисла на групно изживување и малтретирање луѓе на Твитер и социјални мрежи.

Во новиот британски Закон за он-лајн безбедност, се предлага казна за секакви форми на линч на социјалните мрежи, вклучително и она што „веројатно предизвикува психолошка штета“.

„Предложениот закон ќе го префрли фокусот на ’штетното влијание’ на пораката, наместо како до сега дали содржи ’непристојни’ или ’крајно навредливи содржини’ кои беа основа за оцена на нејзината криминалност.

Новиот прекршок на ’заканувачка комуникација’ ќе ги таргетира пораките и постовите на социјалните мрежи кои содржат закани за сериозно наштетување. Тоа ќе биде прекршок во кој некој има намера да ја уплаши жртвата дека заканата ќе биде извршена,“ пишува британски Тајмс.

Други прекршоци што ги воведува законот е „свесно неточна комуникација“ која го криминализира испраќањето или објавувањето на пораки за кои знаат дека се неточни со намера да предизвикаат „емоционална, психолошка и физичка штета кај публиката“. Пример за ова се неточни информации споделувани од анти-ваксери.

„Групњак“ се опишува како случај во кој повеќе корисници се здружуваат за да испраќаат пораки на една жртва на социјалните мрежи.

2 ноември 2021 - 11:29