Закерберг: Ќе се вратат, многу скоро

Како што тешкашите огласувачи со милионски буџети се повлекуваат од Фејсбук во обид да извршат притисок во првиот човек на социјалната мрежа околу говорот на омраза што таму се толерира, така истиот овој човек без ниту една емоција порачува дека сите тие кај да е пак ќе тропнат на врата.

Не само што изјавил дека „сите овие огласувачи ќе се вратат на платформата многу брзо“ туку придонесе и враќањето да биде уште поболно (и со понаведната глава) за нив, порачувајќи:

„Ние нема да ги промениме нашите политики или пристап кон што било врз основа на закани за мал процент од нашите приходи“.

Посебна тежина дава тоа што бојкотот не е од локални гранапи или занаетчии, туку од неброени пари вредни компании како: Кока-кола, Пепси, Старбакс, Унилевер, Микрософт и уште 595 други.

Коментарите се дадени за време на состанок, па некако протекуваат до медиумите, меѓутоа од Фејсбук не ги негираат и изјавуваат дека тие се точни.

На истиот состанок Закерберг им објаснил на колегите дека целиот бојкот повеќе создава „репутациски и партнерски проблем“ отколку финансиски.

7 јули 2020 - 12:53