Твитот што го чинеше Вол Стрит над 100 милијарди долари

Еден единствен твит од Асошиејтед прес (кој го следат 1,9 милиони луѓе) денес предизвика речиси комплетен колапс на вредноста на акциите на Вол Стрит.

Во твитот на АП беше напишано дека имало две експлозии во Белата куќа и дека Барак Обама е повреден.

Паниката околу оваа информација предизвика пад на вредноста на S&P 500 индексот од 150 поени во рок од три минути. Во пари ова изнесува (привремена) загуба од 136 милијарди.

Хаосот беше прекинат дури откако се дозна дека Твитер сметката на Асошиејтед прес била хакната и дека информацијата е лажна. По ова работите на берзата се вратија на старото ниво, а Твитер привремено ја блокираше сметката.

23 април 2013 - 21:57